АЛАРМАНТНО 1.537 пациенти со корона се лекуваат во болниците
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во земјава е 1.537 и има околу 250 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 621 лице се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 35 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 9 приеми, 20 на Инфективната клиника, во Козле 4 и двајца на Клиниката за детска хирургија.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 46 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 298 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца, а на ГАК 12 позитивни пациентки.
Утрово до 8 часот имало 60 слободни места во Скопје.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 916 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти, во Штип 96, во Тетово 40, Велес 68, Куманово 137, Охрид 95, Прилеп 119, Гостивар 43, Струга 14, Струмица 65, Кочани и Кичево по 28, Кавадарци 78, Гевгелија 25.