Алармантни 934 заразени, петмина починати, Скопје жариште со 420 нови болни
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19.
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г). Сите се починати во болнички услови.
Во Скопје има 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20, Прилеп 61,Тетово 58, Струга 5, Велес 82, Битола 33, Охрид 23, Кавадарци 19, Гостивар 18, Гевгелија 13, Струмица 30, Крива Паланка , Радовиш 7, Крушево 2, Кочани 22, Пробиштип 8, Демир Хисар 2, Пехчево 1, Берово 8, Валандово 1, Виница 2, Делчево 4, Кратово 4, Свети Николе 13, Кичево 20, Ресен 6, Неготино 8.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.