🎥 АЛАРМ ВО НАТО-БАЗАТА ИНЏИРЛИК ВО ТУРЦИЈА Проектил на небото, црвена тревога во базата со нуклеарни бомби

Рано утрово се огласија сирени во турската воздухопловна база Инџирлик, која важен објект на НАТО каде што се распоредени и американски војници, недалеку од југоисточниот град Адана.

747

Рано утрово се огласија сирени во турската воздухопловна база Инџирлик, која важен објект на НАТО каде што се распоредени и американски војници, недалеку од југоисточниот град Адана. Во оваа база се чуваат нуклеарни бомни.

Од Алијансата сè уште нема официјално објаснување што се случило.






Според извештајот на агенцијата АФП, жителите на Адана, која се наоѓа на околу 10 километри од базата, биле разбудени околу 3:25 часот од сирени.

Тие алармирале околу 5 минути, пишува бизнис порталот Економим. Порталот, исто така, наведува дека во базата е прогласена црвена тревога.


На социјалните мрежи жителте на Адана споделуваат видеоснимки на кои се гледа светлечки објект како лета низ небото, што сугерира дека станува збор за проектил насочен кон воздухопловната база.

Инцидентот се случи 4 дена откако воздушната одбрана на НАТО собори балистичка ракета во турскиот воздушен простор, за која бепе објавено дека е испукана од Иран. НАТО објави дека и втора балистичка ракета е испукана од Иран, по што Турција го предупреди Техеран да не презема провокативни дејствија.

Вашингтон претходно објави затворање на својот конзулат во Адана и ги повика сите американски граѓани да ја напуштат југоисточна Турција.

Воената база Инџирлик е една од најважните воени бази на НАТО на Блискиот Исток и источниот Медитеран. Отворена е во 1955 година како заеднички објект на Турција и на САД. Базата се користи за операции на НАТО во Блискиот Исток, вклучувајќи мисии во Сирија и Ирак.

Се проценува дека во неа има околу 5.000 американски војници и персонал, плус турски војници и неколку стотици припадници од други сојузнички сили.

Инџирлик е позната по тоа што е дел од програмата на НАТО за „nuclear sharing“ и се проценува дека има околу 20 до 30 американски нуклеарни бомби Б61. Тоа се тоа се тактички нуклеарни бомби, гравитациски бомби што се фрлаат од авион и се чуваат во подземни системи. Тие   формално се сопственост на САД, но се дел од НАТО стратегијата за одвраќање.

Поврзани содржини