Аларм во ЕУ: Дали Јанша планира да го доврши планот на Милошевиќ и на Туѓман за распадот на Југославија?

Документот наводно повикува и на враќање на поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, во земјата, и фокусот не е само на БиХ.

1,906

Коментирајќи го наводниот „нон-пејпер“ на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со завршувањето на планот за мирно распаѓање на БиХ може да доведе до нова војна на Балканот.

„Овие денови бев преплавена со повици и бројни загрижени пораки од БиХ, кои предупредуваат дека премиерот Јанша се обидува да го заврши планот Милошевиќ-Туѓман за формирање на голема Србија и Хрватска со предлог за мирно распаѓање на БиХ. Таквото неодговорно однесување би можело да доведе до нова војна војна на Балканот“, напиша Фајон на „Твитер“.






Таа побара од Јанша да објасни што има во документот што Словенија треба да му го достави на претседателот на Европскиот совет.

„Ако медиумските извештаи од БиХ и изјавите на дипломатите во регионот се точни, тоа може да биде многу штетно за Словенија“, напиша Фајон.

Јанша, пак, вчера изјави дека Словенија сериозно бара решенија за развој на регионот и ЕУ-перспектива на земјите од Западен Балкан, но дека некои наводи се обидуваат да ја спречат таа цел.

По повод написите во медиумите во БиХ дека му предал „нон-пејпер“ на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во кој, наводно, најавил дека еден од приоритетите ќе биде завршувањето на распадот на Југославија.

Јанша изјави дека последен пат се сретнал со Мишел минатата година и додаде дека тешко дека физички можел да му предаде нешто во февруари или март годинава.

Новинар од порталот Дело на својот профил на Твитер објави дека прес-службата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел потврдила дека добиле „нон-пејпер“ од премиерот Јанша за Западен Балкан, кој според неофицијални информации, бил испратен минатата година.

Порталот 24ur.com, повикувајќи се на извори, објави дека постои голема можност тајниот документ навистина да постои, но дека наводно не е доставен преку вообичаените дипломатски канали, туку по тајни канали.

Според споменатиот извор, документот повикува и на враќање на поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, во земјата, и фокусот не е само на БиХ.

Претходно, „Фена“ објави дека членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, потврдил дека словенечкиот претседател Борут Пахор, при неодамнешната посета на Сараево, изјавил дека во последно време во Европа се зборува дека треба да се доврши распадот на Југославија.

Словенија ќе го преземе претседателството со Европската унија на 1 јули.

 

 

 

Поврзани содржини