АЛАРМ ИСПРАТЕН ВО АЛИЈАНСАТА Османи вели дека НАТО е информиран вчера за дојавите за бомби

Според министерот, дојавите за бомби во земјава се дел од хибридни закани што се случуваат и во земјите во регионот што, како што рече, било доволна причина за алармирање на НАТО.

213

Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека веќе ги информирале структурите на НАТО за континуираните дојави за поставени бомби во земјава.

– Вчера комунициравме со структурите на НАТО, да видиме каков хибриден пристап кон регионот може да се случи, која може да биде причината – рече Османи за ТВ 21.






Според него, дојавите за бомби во земјава се дел од хибридни закани што се случуваат и во земјите во регионот што, како што рече, било доволна причина за алармирање на НАТО.

Серија дојави за бомби денеска стигна до повеќе објекти во земјава, главно лоцирани во Скопје почнувајќи од Меѓународниот аеродром, неколку хотели, па се до основни училишта.

Поврзани содржини