АЛ ПАЧИНО ЖАЛИ ШТО НЕ ЈА ОЖЕНИЛ ЉУБОВТА НА СВОЈОТ ЖИВОТ Со Дајан Китон се гледале и раскинувале цели 10 години
Љубовта помеѓу Ал и Дајан почнала во 1971 година, траела со прекини до 1987, а завршила во моментот кога таа му поставила ултиматум – или ќе се венчаат, или ќе се разделат. Тој избрал да остане сам.
Кога Дајан Китон починала на 79 години, срцето на Ал Пачино го преплавила тишината на една прошка што никогаш не ја изговорил. Во таа тишина, актерот си признал нешто што со децении го потиснувал, дека токму таа, неговата партнерка од „Кум“, била љубовта на неговиот живот, јави Дејли мејл.
Меѓутоа, никогаш не ѝ побарал рака, иако биле заедно повеќе од 10 години. Љубовта помеѓу Ал и Дајан почнала во 1971 година, траела со прекини до 1987, а завршила во моментот кога таа му поставила ултиматум – или ќе се венчаат, или ќе се разделат. Тој избрал да остане сам.
Притоа, како што откриле блиски извори, причина за неговиот отпор кон бракот биле траумите од разводот на неговите родители.
– Немам сила повторно да поминувам низ тоа – изјавил своевремено Пачино.
И покрај тоа, со години по раскинувањето, верувал дека можеби ќе имаат уште една шанса.
– Ако ни било судено, ќе се случи, дури и по 20 години – велел тој.
Сепак, последните години не биле во контакт.
– Нема што да си кажеме – му одговорил на пријател кога го прашал зошто повеќе не разговараат.
Од друга страна, Китон пред неколку години изјавила дека веројатно било подобро што никогаш не се венчале.
– Ниту требаше да ме запроси. Очекував дека ќе посака, но тоа никогаш не се случи. За двајцата ќе беше катастрофа да влеземе во брак. Јас барам маж што ќе се грижи за мене, тој бара жена што ќе се грижи за него. Немаше како да функционираме – изјави таа.
Но, во истата прилика, признала и дека била луда по него. – Беше прекрасен, духовит, говореше постојано. Не можев да му одолеам.
И двајцата никогаш не се венчале. Китон во 50-тите посвои две деца, ќерка и син, додека Пачино има четири деца со три жени, најмладиот син роден во 2023 година.