АЛ НАСР СПРЕМА ТИМ ОД СОНИШТАТА? Клубот сака да понуди 400 милиони евра за тројца врвни играчи

Во замислениот „тим од соништата“ би биле и Мојсес Каиседо, играчот од средниот ред на Челси, за кого, според „Марка“, Ал Наср е спремен да понуди 100 милиони евра, иако, се вели, тешко ќе го убедат за трансфер.

399

Винисиус Жуниор, познатиот напаѓач на Реал Мадрид и Габриел, централниот бек на Арсенал би можеле да бидат дел од дрим-тимот на саудијскиот тим Ал Наср следното лето. Според пишувањата на шпанска „Марка“, тимот планира да потроши неверојатни 400 милиони евра за да ги привлече овие играчи.

Во замислениот „тим од соништата“ би биле и Мојсес Каиседо, играчот од средниот ред на Челзи, за кого, според „Марка“, Ал Наср е спремен да понуди 100 милиони евра, иако, се вели, тешко ќе го убедат за трансфер.






Всушност, се вели во статијата, најмалку две од посакуваните имиња ќе биде речиси неверојатно да се донсеат.

Цената која би била понудена за Винисиус Жуниор би била 250 милиони евра, додека за Габриел 50 милиони евра.

Ал Наср е на третото место во Саудиската Про лига. Клубот е познат по тоа што и претходно носел големи ѕвезди.

Тимот неодамна се согласи да ја продолжи соработката со Кристијано Роналдо.

 

Поврзани содржини