Стотина медиуми објавиле денеска во Франција отворено писмо во кое се повикува на мобилизација за слободата на изразување во знак на поддршка на сатиричниот весник „Шарли Ебдо“, кој добил закани од Ал Каеда, откако повторно ги објави карикатурите на пророкот Мухамед.
Додека трае судскиот процес за атентатот на редакцијата на неделникот во кој на 7 јануари 2015 година се убиени 12 лица, директорката за човечки ресурси Марика Брет во разговор за „Ле Поинт“ предупредила на вознемирувачко ниво на омраза спрема неделникот Шарли Ебдо.
Пред почетокот на процесот, сатиричниот неделник одлучи повторно да ја објави карикатурата на пророкот Мухамед, поради кој стана мета.
Повторното објавување некои го поздравиле, но стасале и закани, пред се од Ал-Каеда, како и осуди од некои муслимански земји.
– По повторното објавување на карикатурата на Мухамед на 2 септември 2020 година Шарли Ебдо повторно е на мета на закани од терористичките организации. Заканите претставуваат вистинска провокација среде процесот и наменети се, освен на неделникот и на други медиуми и на претседателот на државата – истакнал Рис директор на неделникот, пренесува АФП.
– Им предлагаме на медиумите да размислат за колективен одговор за таа ситуација – објаснил тој.
Мобилизацијата е преточена во отворено писмо до франсуските граѓани објавено на насловната страница на неделникот денеска како и на интернет страниците на некои медиуми, главните ТВ канали, неделници и радија.
– Денеска во 2020 година на некои од вас им се закануваат со смрт на социјалните мрежи кога изразувате одделни мислења. Медиумите се отворено идентификувани мети на меѓународните терористички организации. САД вршат притисок на франсуските новинари одговорни за објавата на критичкиот напис – се вели во текстот „Заедно ја браниме слободата“.