АЛ КАЕДА ПОВИКАЛА НА АТЕНТАТ НА ПРИНЦОТ ХАРИ „Неговата смрт ќе ја задоволи муслиманската заедница“

878

Терористичката мрежа Ал Каеда повика на атентат на британскиот принц Хари, велејќи дека неговата смрт ќе ја задоволи муслиманската заедница, изјави денеска пред судот во Лондон правниот застапник на принцот.

Правниот застапник на принцот Хари, Фатима Шахид, денеска објави дека безбедносниот тим на принцот објавил документ во кој се наведува дека „смртта на принцот Хари ќе ја задоволи муслиманската заедница“.






„Дејли мејл“ потсетува дека принцот добил смртни закани откако во својата автобиографија напишал за убиство на 25 талибанци додека учествувал во борбите во Авганистан.

Правниот застапник изјавил дека намалувањето на безбедносното ниво на Хари, принцот и војводата од Сасекс, било неоправдано, пренесува Би-би-си.

Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека судијата што ја донел одлуката за оправданоста за намалување на нивото на безбедност на принцот Хари постапил правилно и според законот, според светските медиуми.

Принцот Хари на почетокот на 2020 година донесе одлука да се повлече од својата висока позиција во британското кралско семејство, да стане финансиски независен, да ја претставува британската монархија во намален обем и да помине половина од своето време во Северна Америка.

Тој утрово се појави во Високиот суд во Лондон по повод долгоочекуваното правно сослушување, а пред да влезе во институцијата се сврте кон фотографите и подигна два прста како знак на мирот.

Принцот Хари поднесе жалба за одлуката на Високиот суд кој го одби неговото барање да биде придружуван од вооружени телохранители кога е со семејството во Велика Британија. Неговите адвокати изјавија дека помладиот син на кралот Чарлс бил „издвоен“ и третиран „неповолно“ кога Високиот суд донел одлука, поднесена во 2020 година, дека тој и неговото семејство немаат потреба од заштита, а процесот на жалба ќе трае два дена почнувајќи од денеска.

Како што тврди принцот Хари, неговото семејство е под закана секој пат кога ќе одлучи да ја посети својата татковина и се плаши, како што вели, од „расизам и екстремизам“, а како пример го наведе инцидентот од 2021 година кога бил во посета на хуманитарен настан во Kew Gardens и кога едвај ги избегнал новинарите кои го бркале до автомобилот.

Поврзани содржини