АКВАРЕЛ НА ВАН ГОГ ПРОДАДЕН ЗА 36 МИЛИОНИ ДОЛАРИ „Купишта пченица“ биле украдени од нацистите

Акварелот прикажува жени кои работат на нивите во Арл, Франција, а Ван Гог го насликал во 1888 година, кога се повлекол во село во Франција поради лошата здравствена состојба.

1,607

Акварел на Винсент ван Гог (1853-1890), насловен како „Купишта пченица“, кој бил украден од нацистите за време на окупацијата на Франција, беше продаден во „Кристис“ во Њујорк за 35,9 милиони долари, се наведува на веб-страницата на аукциската куќа, што е за 6 милиони повеќе од очекуваното.

Акварелот прикажува жени кои работат на нивите во Арл, Франција, а Ван Гог го насликал во 1888 година, кога се повлекол во село во Франција поради лошата здравствена состојба.






Според каталогот на аукциската куќа“ Кристи“, сликата првично му припаѓала на братот на Ван Гог, Тео, а подоцна добила нов сопственик, еврејски индустријалец по име Макс Меировски, кој ја купил сликата во 1913 година.

Поврзани содржини