АКТИВНИ СЕ ТРИ ПОЖАРИ Под контрола е пожарот кај селото Николиќ
Во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар.
Утрово активни се 3 пожари, еден е под контрола, додека 17 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи ЦУК.
Во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар.
Активни се пожарите кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во општина Велес каде што годи мешана шума. Во општина Македонски Брод гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација на подрачјето меѓу селата Црешнево -Локвица – Крапа додека во село Нивичино во општина Василево гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.
Од ЦУК информираат дека пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран е под контрола.