АКТИВНИ СЕ ТРИ ПОЖАРИ Полицајци и француски експерти гасат кај село Раовиќ
Пожарот кај Раовиќ се простира од село Буковиќ кон селото Чајлане и Матка, а постои можност да се разгори.
Активни се три пожари во земјава, а педестина припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) и неколкумина француски експерти за гаснење пожари интервенираат на пожарот во селото Раовиќ каде што чади на повеќе места, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што информираа од ЦУК, целосно е изгасната запалената депонија во Радовиш. Изгаснати се и пожарот во атарите на селата Грумази и Ивени во Општина Новаци, каде гореше сува трева и нискостеблеста шума, како и пожарот кај цело Шипковица на планината Плачковица.