АКТИВНИ СЕ 7 ПОЖАРИ На отворен простор се регистрирани 31 пожар, дел од нив се изгаснати
Локализирани се пожарите кај селото Рамне во општина Македонски Брод и кај Градската депонија во општина Делчево.
Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до 7 часот на територија на цела држава активни се 7 пожари, а два се локализирани.
Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати.
Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николич во општина Дојран, како и пожарите под Солунска глава меѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и селото Крушевица во општина Кавадарци.
Локализирани се пожарите кај селото Рамне во општина Македонски Брод и кај Градската депонија во општина Делчево.