АКТИВНИ СЕ 2 ПОЖАРИ, ВО НИКОЛИЌ И ВО ЧУЧЕР САНДЕВО Под контрола се 4, целосно изгаснати се 22 жаришта
Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, како и во Чучер Сандево, во пределот меѓу селата Горњани и Блаце, каде има шумски пожар.
До 7 часот утринава, евидентирани биле вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои два сѐ уште се активни, четири се ставени под контрола, а дури 22 се целосно изгаснати.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во село Николиќ во општина Дојран, каде што гори нискостеблеста шума, како и во Чучер Сандево, во пределот меѓу селата Горњани и Блаце, каде има шумски пожар.
Под контрола се четири пожарите и тоа во Општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица, каде гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Македонски Брод во село Слатино каде гори ниска вегетација, во Општина Велес во село Џидимирци каде гори ниска вегетација, како и во Општина Ресен во село Перово, каде гори трска.