Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава и натаму се одржува на околу 3.000, од кои најмногу се во Скопје, Куманово, Гостивар, Штип и Тетово. Без активни на корона вирусот се само Крушево и Валандово.
По повеќедневниот трицифрен биланс на заразени, вчера беа регистрирани помал број новозаболени 78, но беа направени и помалку тестирања 860. Оздравеле 40, а четири лица починаа. Досега во земјава се направени вкупно 138.325 тестирања. Од почетокот на епидемијата се евидентирани 13.673 позитивни на Ковид-19, излекувани се лица 10.150, а починаа 568.