Активистката Конопова објави дека татко ѝ крвнички ја претепал

1,623

На својот Фејсбук профил активистката за легализација на марихуаната Моника Ристеска, позната како Конопова, објави фотографии со повреди и крв на лицето и напиша дека синоќа била нападната од татко ѝ додека се упатувала кон кујната да земе храна.

Моника објави дека татко ѝ, за кого вели дека бил алкохоличар, ја нападнал со тупаници и ја удирал со дрвено столче од што ѝ е скршен носот и изместена вилицата. Таа најави дека утре ќе биде оперирана и дека ќе ѝ ја местат вилицата.

Нејзиниот татко ќе биде задржан 24 часа во полициска станица.

Според МВР, синоќа во 22.30 часот на улицата Антон Чехов во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р. (64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело. Претходно, неговата ќерка М.Р. (31) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот во семејниот дом, по претходна расправија, таа и нејзината мајка К.Р. (62) од Скопје биле физички нападнати од нејзиниот татко.

Моника беше осудена за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Таа ја призна вината и посочи дека се кае и вети дека нема да го повтори истото кривично дело.

 






Поврзани содржини