АКТИВЕН Е ПРОФИЛОТ НА МИНИСТЕРОТ ОСМАНИ Биле избришани само неколку постови
Османи случајот го пријавил во Министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адреси на „Твитер“.
Tвитер профилот на министерот за надворешни работи Бујар Османи од утрово повторно е активен откако тој на „Фејсбук“ објави дека профилот бил предмет на хакерски напад.
– Од утрово е вратен профилот, освен неколку избришани твитови на прв поглед не е забележана никаква посериозна злоупотреба – соопштија од МНР.
Османи случајот го пријавил во Министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адреси на „Твитер“.