Актерот Љутков тврди дека СДСМ ќе ја уништи културата: И каратист ќе стават за директор

899

Секогаш кога СДСМ е на власт таа става тешка рака врз културата и се труди да ја уништи. Затоа што во културата е гласот и ако видите низ историјата револуциите почнуваат од културата, изјави Зоран Љутков, актер и претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи да не се прави тука забуна со ш т.н. шарена револуција, бидејќи тоа било платеничка револуција.






– Оваа политичка опција која е на власт денес не можеше да успее сама, мораше да ја обезбеди таа платеничка шарена револуција со многу пари – рече Љутков.

Тој посочи дека СДСМ уништувањето на културата го прави со понижување на институциите и носење на нов криминален закон кој треба да ја направи нефункционална националната култура.

– СДСМ ги понижува институциите со тоа што им вели дека ништо не знаат и им носи луѓе од невладиниот сектор, и затоа ни се случува пропаст во културата и образованието. СДСМ сега носи закон за остварување на јавен интерес во културата, кој е со намера да се уништи се што е во културата. Можат да постават со тој закон каратист за директор или фискултурци, за да направат националната култура да не може веќе да функционира и да направат јавна култура. Законот кој се нуди сега е криминален и ќе ја потоне културата – потенцираше Љутков.

Тој додаде дека проблемот не е само во културата, туку дека најголемиот проблем е во образованието, затоа што се потекнува од него.

– Видете што се случи на јавната дебата за новата реформа во образованието. На една страна имате луѓе кои го бранат тој концепт 3, 4 или 5 кои не можат да се снајдат во одбраната, а од друга страна имате луѓе кои ви укажуваат дека тоа ќе биде катастрофа – вели Љутков.

Поврзани содржини