Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина од ковид-19

5,547

Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина денеска поради компликации од коронавирусот, на 65 години.

Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1983 година. По Академијата заминал за Белград, каде 10 години играл во повеќе филмови и театарски претстави. Се занимавал со филмска и ТВ-продукција, пишување сценарија и избор на актери.






Играл во филмовите „Ругање со Христос“, „Џган“, „Јазол“, „Одмазда“, „Пред дождот“, „Налепница“.

Еден е од основачите на аматерскиот театар „Чекори“.

Поврзани содржини