Актерот Тихомир Арсиќ изгуби 30 килограми: Две години се борам со болеста

1,935

Пред две години публиката последен пат го виде славниот српски актер Тихомир Арсиќ во сериите „Ургентен центар“ и „Убијците на мојот татко“, а непосредно пред снимањето на филмот за човек кој умира од рак, откри лоши вести, дека боледува од рак.

– Лекарите ми рекоа дека имам промени на главата на панкреасот, но дека сме ги откриле навреме. Бев на операција, која добро помина затоа што, за среќа, ракот не зафатил ниту еден крвен сад ниту жлезди. Резултатите беа добри, како да бев целосно излекуван, а да не беше тој филм, немаше да ја дочекам Новата година. Ракот ќе ме однесеше за шест месеци – рекол Тихомир за српскиот портал „Ало!“.






– Имам 30 килограми помалку, две години со борам со оваа болест. Требаше да глумам во филм, во кој се зборуваше за добар човек кој умира од рак и тогаш дознав дека имам рак на панкреасот – рекол Арсиќ за „Блиц“.

Тихомир Арсиќ е театарски, телевизиски и филмски актер, препознатлив по улогите во филмот „Голем транспорт“, „Игмански марш“, „Пејзажи во магла“…

Поврзани содржини