Актерот се фалел дека го прекршува карантинот, медицинска сестра му покажала како изгледа по смената ФОТО

927

Британскиот актер Лоренс Фокс на Твитер го критикуваше новиот карантин во Велика Британија и ги повика луѓето да „останат надвор“ и „да ги заштитат своите права“. Фокс ја критикувал и националната здравствена служба, за која напиша дека не е соодветна за целта, ако не може успешно да се справи со пандемијата.

„Им ја скратуваме иднината на нашите деца. Тие заслужуваат похрабри родители. Да ставиме крај на карантинот. Да ставиме крај на владеењето на стравот“, напишал актерот на Твитер меѓу другите објави во кои го изразува таквото мислење.






Во една слична објава, Фокс се пофали дека однел група пријатели на ручек и дека се прегрнувале и бакнувале и порача дека никој тоа нема да им го одземе.

Британската медицинска сестра Џоана Џексон, која работи на одделот за интензивна нега, ги видела објавите на актерот и одлучила да одговори. Таа на Твитер објави фотографија на која се гледа како изгледа по долга смена на работа, односно откако носела заштитна опрема речиси цел ден.

„Само што ја држев раката за една личност која почина сама, без семејството или саканите покрај неа. Мило ми е што си уживал во својот оброк”, му порачала таа на актерот.

Корисниците на Твитер почнале да го напаѓаат актерот, а некои дури и медицинска сестра која подоцна одлучила да се повлече од дискусијата. Да потсетиме, владини научници во Велика Британија неодамна објавија студии за тоа како нивниот карантин имал влијание врз намалувањето на ширењето на пандемијата.

 

ФОТО: Keith Mayhew/IPA/PIXSELL/Twitter

Поврзани содржини