Актерот Џеј Бенедикт, кој стана познат по улогата во филмот „Вонземјани“, почина од последици на ковид-19, пренесуваат американските медиуми. Бенедикт почина на 69-годишна возраст.
Неговата официјална веб-страница ја објави трагичната вест во саботата.
„Со голема тага мораме да ја објавиме смртта на Џеј на 4 април, поради компликации кои настануваат поради заразата со ковид-19“, се вели во соопштението.
Актерот кој играше Русинот Џордан во „Aliens“, глумеше и во филмот „Тhe Dark Knight Rises“. Исто така, тој беше познат по улогата на Џон Кифер, офицер во американската армија и пријател на Кристофер Фојл во „Војната на Фојл“.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин
ФОТО: Јутјуб/Скриншот