Актерот Орландо Блум (44) објави видео од одмор во Малибу, но не би било ништо чудно доколку додека веслал на даска (пад) не се појавила бела ајкула, која правела кругови под даската.
„Кога стравот ќе стане твојот најдобар пријател. Ти благодарам што ми ја направи оваа снимка“, напишал тој на својот инстаграм-профил.
Фотографот Карлос Гауна го снимил видеото. Блум воопшто не делувал исплашено и продолжил да весла додека ајкулата пливала под него.
Видеото на Инстаграм го видоа 5,3 милиони луѓе.
Актерот неодамна доби ќерка со пејачката Кети Пери, а двојката девојчето го нарече Дејзи Дејв.
Инаку, името Дејзи во превод значи „маргаритка“, додека друго име значи „гулабица“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм