Британскиот актер и комичар Стенли Бакстер одлучи на 95-годишна возраст јавно да ја открие својата сексуална ориентација и рече дека е хомосексуалец. Тој долго време беше во брак со својата сакана сопруга, која остана со него иако таа знаеше дека тој е наклонет кон истиот пол.
Бакстер ги напиша мемоарите „Вистинскиот Стенли Бакстер“ во кој на читателите им открива непознати детали за неговата интимност и пишува дека никогаш не им открил на своите колеги со кои глумел и на продукциите со кои работел дека е хомосексуалец и дека ја криел таа информации во текот на целата своја кариера.
Тој исто така напиша и за тоа како неговата сексуална ориентација влијаела на бракот со неговата сопруга Мојра, која починала во 1997 година.
Уште додека бил во врска со Мојра, тој бил свесен дека сака мажи, па кога таа сакала да ја официјализираат нивната врска, тој одлучил да раскине со неа.
Сепак, Мојра била упорна и сакала да останат заедно, и тогаш Стенли ѝ признал дека е хомосексуалец.
Тој беше убеден дека после тоа ќе се откаже од идејата за брак, но Мојра сепак сакала да се венчаат – дури и се заканила дека ќе се фрли низ прозорецот ако ја остави.
Така, на крајот тие се венчале, а од почетокот на бракот, актерот дома ги носел мажите со благослов на неговата сопруга.
ФОТО: Пинтерест