АКТЕРОТ ИМА ВИЛА СО БАЗЕН, ПОГЛЕД НА МОРЕ И 39 ГОДИНИ ПОМЛАДА ЖЕНА Еве како изгледа вилата на Лазар Ристовски во која ужива со својата сопруга Аница
Српскиот глумец Лазар Ристовски поседува луксузна вила со базен во Црна Гора. Тој често објавува фотографии од просторот и спектакуларниот поглед на море, на својот Инстаграм профил
Актерот Лазар Ристовски не крие колку е среќен во врската со Аница Лазиќ, која е 39 години помлада од него.
Откако се разведе од својата долгогодишна сопруга Даница Ристовски, драмскиот уметник пронајде нова љубов покрај убавата Аница која е психолог, но се обиде и во глумата.
Како што еднаш истакна Аница, двајцата се немирни духови, а нивна заедничка страст се патувањата и егзотичните дестинации. Сепак, еден од вистинските мали „раеви“ на Лазар е веднаш на брегот. Ристовски поседува луксузна вила со базен во Црна Гора. Тој често го покажува луксузот на просторот, како и спектакуларниот поглед на море, на својот Инстаграм профил.
Неговата гламурозна куќа се наоѓа во населбата Жуковица, а актерот ја купил за време на бракот со Даница. Очигледно, по разводот таа му останала нему.
Ристовски претходно нагласи дека овој дом покрај морето му помага да се одмори и да собере сила за нови предизвици. Во една прилика, покрај фотографија од едрилица, напиша:
– Откако се опоравив од корона, на мојата едрилица, собирам сила за, можеби, уште една победа – изјави актерот.
Лазар и Аница се појавија заедно во сериите „Дрим Тим“ и „Попадија“. Според информациите што ги цитира на социјалните мрежи, Аница студирала психологија во Падова, Италија, претходно учела во белградска гимназија и музичко училиште.
Нивната љубов предизвика бројни осуди, а долго време молчеа за негативните коментари. Сепак, оваа година, Аница зборуваше за потенцијална венчавка и за својот поглед на љубовта во емисијата „Премиера“.
– Не сонував многу за мажење кога бев девојче, а тоа не ми е голема работа ни денес. Повеќе го гледам тоа како форма, а поважна ми е суштината. Секако, жените сакаат да носат венчаница. Не се плашам да се мажам – поважно ми е да ја живеам суштината на љубовта, а тоа веќе го имам, фала му на Бога – рече таа, додавајќи:
– Си ветив себеси дека ќе бидам храбра во љубовта. Не си дозволувам да бидам кукавица во тоа и секогаш го правам тоа што ми кажува срцето.



