Aктерот Џереми Ренер (51), познат по улогитe на суперхеројот Клинт Бартон и Хоки, во филмовите на Марвел, во „Невозможна мисија“ и во „Наследството на Борн“, на 1 јануари доживеал несреќа чистејќи снег пред својата куќа и сега се бори за живот.
По мистериозната несреќа тој бил префрлен во болница со хеликоптер, каде што е во критична, но стабилна состојба.
Точната локација на несреќата не е потврдена, но актерот има дом во Невада, област беше погодена од силна зимска бура на новогодишната ноќ.
Актерот објави видео на кое се гледа како самиот вози специјално возило за чистење снег:
На 13 декември актерот на Твитер објави фотографија од возило целосно затрупано со снег, придружена со коментар дека снегот не е шега:
Lake Tahoe snowfall is no joke #WinterWonderland pic.twitter.com/6LBG9DsLAU
— Jeremy Renner (@JeremyRenner) December 12, 2022