Ѕвездата на серијата „Saved by the Bell“, актерот Дастин Дајмонд, почина на 44 години од рак на белите дробови.
Актерот Дастин Дајмонд, најпознат по детската серија „Saved By The Bell“ вчера почина на 44 години.
Како што соопштуваат американсктие медиуми, на почетокот на јануари бил хоспитализиран зошто не се чувствувал добро. Му бил дијагностициран рак на белите дробови во четврт стадиум, а докторите му рекле дека има само неколку недели.
Состојбата му се влошила за викендот, по што вчера наутро починал.