АКТЕРОТ ЧЕНИНГ ТЕЈТУМ СПОДЕЛИ ФОТОГРАФИЈА ОД БОЛНИЦА На Меџик Мајк му го споиле скршеното рамо со шраф
„Уште еден ден. Уште еден предизвик. Овој ќе биде тежок“, напиша ѕвездата од „Magic Mike“ на социјалните мрежи, покрај фотографијата од болница кадешто бил опериран поради „раздвоено рамо“
Ченинг Тејтум сподели фотографија од болничкиот кревет додека се подготвува да оди под нож поради „раздвоено рамо“.
– Уште еден ден. Уште еден предизвик. Овој ќе биде тежок – напиша актерот на социјалните мрежи покрај фотографијата.
Актерот сподели и фотографии од неговите рендгенски снимки пред и по операцијата.
Во првата објава, Тејтум сподели рендгенска снимка од горниот дел од раката и рамото каде што јасно може да се види дека две коски се скршени.
– Одвоено рамо – напиша тој, а потоа следуваше втора фотографија после операцијата покрај која напиша: „Зашрафено рамо. Ура“.

За санирање на рамото на Тејтум бил употребен штраф, а ѕвездата го нарече искушението „тешко“ и „предизвик“.
Тејтум кој е татко на едно дете не откри како се случила неговата повреда, иако актерот е познат по тоа што изведува многу од своите каскадерски движења во своите филмови.
Во септември, ѕвездата на „Roofman“ изјави за Variety дека се повредил за време на снимањето на „Avengers: Doomsday“, чие премиерно прикажување е закажано за декември 2026 година.
Весникот објави дека Тејтум се појавил на интервјуто со куцање, а неговиот двојник морал да изведе многу од неговите потешки сцени во филмот, додека актерот требало да се подложи на интензивна физикална терапија за повредата на ногата.
View this post on Instagram