Актерот Џамил Френч ненадејно почина на 29 години

757

Портпаролот на канадскиот актер, кој беше најпознат по улогата на Дејв Тарнер во тинејџерската серија „Degrassi: Next Generation“ (Деграси: Следната генерација),

„Со тешко срце потврдувам дека мојот драг пријател и клиент Џамил Френч почина. Многумина ќе го паметат по неговата страст кон уметноста, посветеноста кон неговиот занает и темпераментната личност. Ве молам неговото семејство и пријателите да ги чувате во вашите мисли во ова тешко време“, рекол тој.






Неколкумина поранешни колеги на Џамил се простиле од него на социјалните мрежи.
Џошуа Сафран, извршен продуцент на проектот „Саундтрак“, го нарекол Френч како голема инспирација.

„Можам да потврдам дека мојот добар пријател, соработник и голема инспирација Џамил Френч почина вчера“, напишал Сафран на Твитер.

Актерката Ени Кларк споделила видео од Џамил како танцува.

„Срцето ми е скршено поради загубата на нашиот пријател Џамил … Толку полн со енергија и забава. Тој секогаш танцуваше. Вистински талент и одличен пријател. На сите ќе ни недостасуваш Џамил”, напишала таа.

Причината за смртта не е позната.

Поврзани содржини