Нигериската актерка Функе Акинделе-Бело на сопругот му приредила роденденска забава во време на изолација и задолжително физичко растојание поради коронавирусот – иако и самата ја предводи кампањата „Остани дома!“
Холивудската ѕвезда и комичарка, минатиот викенд објави снимка од забавата на Инстаграм, по што се соочи со бројни критики од своите 10 милиони следачи.
Интересно, актерката со денови им праќала пораки на своите обожаватели да ги почитуваат правилата и да не излегуваат од дома, а учествувала и во кампањата на „Dettol Nigeria“, која објаснува зошто е важно да се остане дома и да се држи дистанца.
Токму поради тоа, Функе и нејзиниот сопруг биле уапсени за прекршување на уредбите за заразни болести на сојузната држава Лагос. Тие се изјасниле за виновни и добиле парична казна и 14 дена општественокорисна работа.
Акинделе-Бело потоа се извини на Инстаграм објаснувајќи дека повеќето гости биле дел од нејзиниот продукциски тим што се изолирал во нејзиното студио, каде работат на нов филм.
– На забавата никој не дојде од дома. Ја цениме вашата загриженост и ветувам дека ќе го применуваме она што го проповедаме – нагласила актерката.
Нигериските власти воведоа 14-дневна изолација, што значи и забрана за собири со над 20 луѓе. Најнаселената земја во Африка (со околу 190 милиони жители), засега има 238 потврдени случаи со зараза на коронавирус и петмина починати.
FOTO: Instagram/Printskrin