Актерката со години се бори со ракот, сега позираше без шминка и порача… ФОТО

1,854

Шенон Доерти, sвездата на серијата „Беверли Хилс 9021“, објави фотографија без шминка и филтер. Таа проговори и за токсичните стандарди за убавината.

„Гледајќи ги филмовите вечерва, забележав дека има малку женски ликови со кои би можела да се поврзам. Знаете, жени без филери, без ботокс, без лифтинг на лицето. Жени кои го прифатиле своето лице и искуството што тоа го покажува“, ја започнала Доерти објавата на Инстаграм.






Таа истакнала дека нејзиното лице го отсликува она што го доживеала во својот живот.

„Преживеав многу. Да, рак, но и повеќе од тоа. Сега се прифаќам. Конечно. Готово е со перцепцијата за убавина каква што ја промовираат Холивуд и списанијата и се обидуваат да нè вовлечат во тоа. Сакам да видам жени како мене. Жени како нас“, заклучила таа.

На актерката првпат ѝ беше дијагностициран рак на дојка пред шест години, а две години подоцна објави дека е во ремисија. Но, во февруари 2020 година, таа откри дека ракот ѝ се вратил и напредувал до четвртата фаза.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини