📷 АКТЕРКАТА СО 24 МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ ГО ОСВОИ МБАПЕ Русокосата била во врска и со Винисиус?
Мбапе е во фокусот поради наводна врска со актерката Естер Експозито, која има милиони следбеници. Двајцата беа видени заедно во Мадрид и Париз, додека се споменува и нејзина претходна поврзаност со Винисиус.
Ѕвездата на Реал Мадрид, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, повторно е во центарот на вниманието, но овојпат поради љубовниот живот. Светските медиуми брујат за неговата врска со шпанската актерка Естер Експозито, која има милиони следбеници на социјалните мрежи.
Романсата брзо стана хит тема, особено по фотографиите и видеата од нивните заеднички појавувања.
Мбапе бил забележан како ја вози актерката низ Мадрид и ја прегрнува по неговото враќање од репрезентативни обврски.
Експозито претходно била и на трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, каде што го поддржувала.
Приватен авион и луксузна вечера
Шпекулациите за врската се засилиле кога двајцата биле видени заедно во приватен авион за Париз.
Подоцна биле забележани и во луксузен ресторан, што дополнително ги разгоре гласините.
View this post on Instagram
Ѕвезда од „Елита“ со милиони следбениц
Естер Експозито е една од најпопуларните актерки од новата генерација.
Таа стекна светска слава со улогата на Карла во серијата „Елита“, а на Инстаграм има повеќе од 24 милиони следбеници.
Покрај тоа, глумеше и во филмовите „Кога ангелите спијат“, „Твојот син“, „Венера“ и „Изгубени во ноќта“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Mу била девојка и на Винисиус?
Ова не е првпат актерката да биде во фокусот поради врска со фудбалер.
Претходно се шпекулираше дека била во врска со соиграчот на Мбапе во Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.