Убавата актерка Сeлма Хаек која важи за една од најистакнатите личности од Мексико во Холивуд, со роденденската фотка покажа дека и понатаму без проблеми може да се соблече во костим за капење.
На социјалните мрежи Хаек објави фотографија со која си го честита 55-от роденден. На фотката „жешката “ Мексиканка позира во егзотичен амбиент со едноделен костим за капење кој ги нагласува нејзините придорни облини.
На роденденската прослава на Сeлма Хаек по повод 55-от роденден на актерката, меѓу блиските пријатели и роднини, присуствувала и нејзината колешка Анџелина Џоли.