Актерката му ветила на 50 Сент дека ќе има секс со него доколку не гласа за Трамп ФОТО

1,208

Американската комичарка и актерка Челси Хендлер (45) гостуваше на подкастот којшто го води манекенката Наоми Кемпбел (50). По тој повод, таа откри дека му понудила секс на раперот 50 Сент (45) доколку не гласа за сегашниот претседател Доналд Трамп (74) на претседателските избори во Америка.

– Разговарав со него на телефон откако видов твит во кој тој напиша дека го поддржува Трамп. Го познавам 50 Сент затоа што спиев со него два месеци. Знам дека тој не е таков лик. Тој се шегува на социјалните мрежи, тој не е секогаш сериозен, па затоа му се јавив – раскажала Челси.






Комичарката му рекла да ѝ се јави затоа што сакала да разговара со него за тоа дали се шегува.

– Го прашав како може да го поддржува тој лик, зарем не гледа што им направи на луѓето и колкава штета предизвика. Потоа, разговаравме уште дваесетина минути, а потоа тој ме праша дали сум била сериозна кога му ветив секс и му реков дека сум – објаснила Челси.

Актерката ги охрабрува луѓето да гласаат и преку социјалните мрежи, а објави и видео во кое со голи гради ги информира фановите дека гласала.

Имено, американскиот рапер претходно на Твитер напиша дека го поддржува Трамп. Тој истакна дека ќе стане 20 Сент ако Џо Бајден (77) биде избран за претседател на САД.

File:Dont Be Mike With 50 Cent (cropped).jpg - Wikimedia Commons

 

Поврзани содржини