АКТЕРКАТА ИМА КОРОНАВИРУС, ИАКО БИЛА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНА Во изолација е со двете ќерки

Актерката се наоѓа во изолација во својот дом во Лондон, каде се бори против коронавирусот заедно со своите ќерки.

1,409

Славната британска актерка Кира Најтли (36) води битка со коронавирусот, а единствениот кој нема симптоми е нејзиниот сопруг.

Како што пренесува британски „Телеграф“, актерката се наоѓа во изолација во својот дом во Лондон, каде се бори против коронавирусот заедно со своите ќерки, шестгодишната Еди и двегодишната Делајла, кои исто така се позитивни на коронавирусот.






Најтли по пат Зум открила како се чувствува.

– Ќе ви пречи ли доколку не ја вклучам камерата? Имам коронавирус и се чувствувам навистина лошо – му рекла актерката на новинарот па открила дека нејзиниот сопруг Џејмс Рајт се „фали“ дека тој нема симптоми.

– Тој е многу задоволен поради тоа – убеден е дека тоа е така бидејќи се капи во студена вода, а јас не го правам тоа – рекла актерката.

Најтли открила дека примила две дози вакцина против корона, но и дека нејзините ќерки се чувствуваат подобро.

Актерката истакнала и дека била вакцинирана со двете дози, а нејзините ќерки сега се чувствуваат подобро. По закрепнувањето, таа се враќа на снимањето на филмот „Тивка ноќ“, на кој работи од октомври 2020 година.

ФОТО: Free image

Поврзани содржини