АКТЕРКАТА ГИ ПРОЖИВУВА НАЈТЕШКИТЕ ДЕНОВИ Нејзините родители пронајдени мртви во нивниот дом (ФОТО)
Полицијата сѐ уште не ги утврдила причините за смртта, но истакнале дека ништо не е сомнително и дека нема траги на насилство или траума.
Актерката Алиша Вит (46) во моментот ги минува најтешките денови во животот. Нејзината мајка и татко се пронајдени мртви во нивниот дом. Како што пишуваат странските медиуми, актерката неколку дена не се слушнала со родителите, а потоа го замолила својот роднина да провери дали се добро.
Нејзиниот роднина потоа ја контактирал полицијата која ги пронашла безживотните тела на Роберт (87) и Дајан Вит (75).
View this post on Instagram
– Откако не ми се јавија неколку дена, го контактирав роднината којшто живее во нивна близина за да видам што се случува. За жал, исходот бил незамислив. Ве молам за приватност во овие моменти за да можам да тагувам и да научам да се справувам со овој развој на настаните и надреалната загуба“, рекла актерката за странските медиуми.
Полицијата сѐ уште не ги утврдила причините за смртта, но истакнале дека ништо не е сомнително и дека нема траги на насилство или траума. Проверена е и можноста за труење со јаглерод моноксид, но пожарникарите не забележале присуство на овој ниту на други опасни гасови во нивниот дом.
View this post on Instagram
Сосетката на семејството тврди дека ретко ги гледала надвор од куќата и дека верувала дека се болни поради што се понудила да им помогне околу тревникот, но пензионираните учителки тоа го одбиле.
Инаку, Алиша Вит почнала да глуми кога имала осум години, а меѓу другото се појавила и во филмот „Дина“ на режисерот Дејвид Линч.
ФОТО: Инстаграм