Актерката Елен Пејџ откако стана Елиот Пејџ, е првиот трансродов маж на насловната на „Тајм“

917

Елиот Пејџ (34) за првпат проговори откако пред една година откри дека е трансродeн. Тој отворено зборуваше за списанието „Тајм“ за операцијата за отстранување на ткивото на дојките и објасни дека никогаш не се чувствувал подобро во сопствената кожа.

Елиот Пејџ, кој помина низ целосна промена на полот (некогаш беше Елен Пејџ), се појави на насловната страница на магазинот „Тајм“.






Како жена, Елиот глумеше во филмовите „Џуно“, „Тврда бонбона“, „Икс мен“, но со текот на годините одлучи дека ќе го промени полот целосно, со што стана прво трансродово лице кое излегло на насловната страница на овој магазин.

Уште во 2014 година Пејџ отворено зборуваше за својата сексуална ориентација, а сега порачува да не се игнорира постоењето на транс-лицата и нивното право да се декларираат онака како што се чувствуваат.

 

 

„Со голема почит за оние пред мене, со огромна благодарност за оние кои ме поддржаа и со голема загриженост за транс младината на која и треба заштита, ве молам да ми се придружите во борбата против анти-транс законодавната реторика, омраза и дискриминација во повеќе форми“, напиша актерот на Инстаграм, каде ја објави фотографијата која е дело на фотографот Вајн Нил.

Поврзани содржини