АКТЕРКАТА ДОБИВА СМРТНИ ЗАКАНИ „Дизни“ ангажирал дополнително обезбедување за Гал Гадот
„Дизни“, наводно, ангажирал дополнителни телохранители за актерката Гал Гадот, откако таа добила смртни закани поради нејзиниот произраелски став.
„Дизни“, наводно, ангажирал дополнителни телохранители за актерката Гал Гадот, откако таа добила смртни закани поради нејзиниот произраелски став.
„Вариети“ во вторникот објави дека актерката била подложена на бран на омраза откако нејзината колешка Рејчел Зеглер јавно изразила поддршка за Палестина додека го промовирала филмскиот мјузикл „Снежана“.
Израелската актерка Гал Гадот изрази поддршка за својата татковина.
„Зеглер не ги сфати последиците од нејзините постапки, односно што тоа значи за филмот, за Гал, за сите“, изјавил извор за „Пејџ сикс“.
Во август 2024 година, Зеглер, кој има 23 години, им се заблагодари на обожавателите на социјалната мрежа Икс што помогнале првото промотивно видео за филмот „Снежана“ да достигне 120 милиони прегледи за 24 часа. Таа ја заврши објавата со зборовите: „И секогаш запомнете, слободна Палестина“.
Нејзината објава достигна 8,9 милиони прегледи, а додека некои критичари ја осудија актерката за промовирање на филмот на „Дизни“ со изнесување на нејзините политички убедувања, други ја критикуваа Гадот.
Во октомври 2023 година, израелската актерка Гадот изрази поддршка за својата татковина откако Хамас изврши напад на музичкиот фестивал Нова.
„Јас стојам со Израел, треба и вие“, напиша тогаш таа на Инстаграм. „Светот не може да стои настрана додека се случуваат вакви страшни терористички акти!“
Претходно овој месец, Гадот ја бранеше својата одлука да го поддржи Израел откако демонстрантите ја прекинаа нејзината церемонија кога доби ѕвезда на Булеварот на славните.
„Постои предизвик за луѓето кои сакаат да зборуваат на социјалните мрежи бидејќи има толку многу омраза и толку многу ботови и толку многу лути луѓе кои бараат причина“, изјави таа за „Вариети“.
„По 7 октомври 2023 година, не зборувам за политика – зашто кому му е гајле за славна личност да зборува за политика? Јас сум уметник. Сакам да ги забавувам луѓето. Сакам да носам надеж и да бидам светилник на надеж секој пат кога ќе кажам нешто за светот. Но на 7 октомври, кога луѓето ги киднапираа од нивните домови, од нивните кревети, мажи, жени, деца, постари, тој ден не можев да молчам“, рекла таа.
Покрај тоа, Гал Гадот се соочи со дополнителни критики на нејзината церемонија на Булеварот на славните на 18 март. Пропалестинските демонстранти се појавија со транспаренти на кои пишуваше „Хероите се борат како Палестинци“.