АКТЕРКАТА ЧИИ РОДИТЕЛИ БЕА ПРОНАЈДЕНИ СМРЗНАТИ СЕ БРАНИ 10 години не ме пуштаа да влезам во куќата

Родителите на актерката починале поради хипотермија или смрзнување, бидејќи немале греење, за што корисниците на интернет ширум светот најмногу ја обвинуваа актерката.

1,228

Откако на крајот на минатата година родителите на актерката Алиша Вит беа пронајдени мртви во трошна семејна куќа, таа се најде на мета на критики во јавноста, бидејќи, како што напишаа многумина, со години ги запоставувала.

Имено, тие починале поради хипотермија или смрзнување, бидејќи немале греење, за што корисниците на интернет ширум светот најмногу ја обвинуваа актерката.






Токму од таа причина актерката решила после долго молчење за сѐ да се огласи на Фејсбук, каде, меѓу другото, истакнала дека на родителите им нудела помош којашто тие ја одбивале бидејќи, како што вели, биле „тврдоглави“.

Алиша рекла и дека се мачела и колку и да помагала, ништо повеќе не можела да направи за нив. Објаснила дека ги молела, плачела и се обидувала да ги вразуми, се обидувала да ги убеди да ѝ дозволат да им помогне да се преселат, но секој пат тие ѝ се лутеле, велејќи ѝ дека нема право да им кажува како да живеат нивниот живот и дека сè држеле под контрола.

Алиша рекла и дека детективот телефонски ѝ соопштил дека нејзините родители се пронајдени мртви, откако таа се јавила на социјална помош бидејќи била загрижена бидејќи не ѝсе јавиле.

Алиша напишала и дека повеќе од 10 години не смеела да влезе во нивната куќа и дека не знаела во каква состојба е. Актерката тврдела дека тие не ја пуштале да влезе во домот повеќе од 10 години.

„Моите родители не беа без пари. Беа многу тврдоглави, добри души, но покрај тоа правеа свои избори од кои не можев да ги одвратам. Им помагав на сите начини на кои можев – на сите начини на кои ми дозволуваа. Немав поим дека греењето им е исклучено. Никогаш нема да разберам како и зошто одлучија да не ми го кажат тоа, да не ми дозволат да им помогнам. Срцето ми е скршено“, напишала Алиша на својот фејсбук-профил.

Да потсетиме, парот беше пронајден во нивниот дом ден пред Божиќ, кога температурите ноќе се спуштиле и под минус 10 степени. Надлежните соопштија дека брачната двојка Пит била пронајдена без знаци на траума, но во куќата била пронајдена греалка и печка кои биле неисправни.

 

 

 

Поврзани содржини