🎥 АКТЕРКА ТРЕСНА НА ПОДОТ НА ОСКАРИТЕ Социјалните мрежи експлодираа од коментарите

Лајза на овој свечен настан носела раскошна црвена тоалета која ја искомбинирала со црвени чевли на платформа од 20 см, а токму поради нив стана сензација на социјалните мрежи.

1,475

Американската актерка, комичарка и јутјуберка Лајза Коши беше меѓу првите кои прошетаа на црвениот тепих на овогодинешното доделување на Оскарите. Меѓутоа, актерката приреди и своевиден перформанс на доделувањето на Оскарите, кога падна поради високите потпетици.

Лајза на овој свечен настан носела раскошна црвена тоалета која ја искомбинирала со црвени чевли на платформа од 20 см, а токму поради нив стана сензација на социјалните мрежи.






Додека одеше по црвениот тепих, Лиза се сопна и падна на подот. Сепак, актерката и покрај шокот од паѓањето, стана со помош на присутните кои и помогнаа и се насмевна.

 


Сосема очекувано, коментарите на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, експлодираа. Повеќето од нив беа многу духовити, иако ги имаше и оние кои ја критикуваа.

„Треба да носи чевли во кои може и да оди“, беше само еден од многубројните коментари.

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини