АКТЕРКА СЕ СООЧУВА СО ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ВО ТУРЦИЈА Британката заборавила да плати во „Зара“

Британската комичарка и актерка Серис Нелмес е уапсена во Турција откако случајно излегла од продавница на „Зара“ во Истанбул без да плати за артиклите.

968

Британската комичарка и актерка Серис Нелмес е уапсена во Турција откако случајно излегла од продавница на „Зара“ во Истанбул без да плати за артиклите. Серис, која е од Бристол, била на одмор во Турција кога отишла на шопинг за облека. Таа вели дека по грешка заборавила да плати за работите што ги носела со себе, и дека веднаш потоа сфатила што направила и се вратила во продавницата за да плати за сè.

И покрај тоа што им понудила пари и им ги предале артиклите на вработените, локалната полиција ја уапсила под сомнение за кражба. Според нејзините зборови, персоналот ја заклучил во соба во продавницата три часа пред да биде однесена во полициската станица. Таму од неа барале потпише документи што не можела да ги прочита бидејќи не биле на јазик што го разбира.






Серис поминала 24 часа во затворска ќелија без храна или пристап до тоалет. Таа исто така рекла дека ја одбиле кога побарала вода, велејќи дека не ја разбираат. Откако била пуштена, судијата ѝ забранил да ја напушти Турција додека трае истрагата, а доколку биде прогласена за виновна, се соочува со затворска казна до три години.

Поради неможноста за работа и финансиските проблеми, таа во моментот не може да плати за сместување, па затоа ја примило локално семејство кое ѝ понудило кревет и оброци. Во објава на социјалните мрежи, таа им се заблагодарила на луѓето кои ѝ испраќале зборови на поддршка, велејќи: „Добро сум и не ги заслужувам сите овие убави зборови, но сум многу благодарна“.

Британското Министерство за надворешни работи го потврди случајот со кратка изјава: „Ние ѝ даваме поддршка на британската државјанка во Турција“.

Серис не е единствената Британка која имала проблеми со законот во Турција во последните месеци. Минатиот месец, на мајката на Џорџија Харисон од Рочдејл ѝ беше забрането да ја напушти земјата откако пијаната забава на нејзиното момче заврши со оштетување на хотелска соба.

 

Поврзани содржини