Ѓакон од Кореја предизвика големо внимание на погребот на патријархот Иринеј (ФОТО)
Станува збор за корејскиот ѓакон на митрополитот Иларион Алфејев, кој е и претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Руската православна црква (РПЦ).
Голем број граѓани и свештени лица присуствуваат на погребот на српскиот патријарх Иринеј во храмот Свети Сава во Белград.
Но, посебно внимание на јавноста ѝ привлече едно младо момче кој беше дел од свештените лица во црквата.
Имено, станува збор за корејскиот ѓакон на митрополитот Иларион Алфејев, кој е и претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Руската православна црква (РПЦ).
Службата во храмот Свети Сава започна во 9:00 часот, меѓу присутните е скоро целиот српски државен врв, но и бројни амбасадори, како и политичари од регионот.