АПСАТ СРБИ, РАКУВААТ СО СНАЈПЕРИ, А ИМААТ МАЛИ ПЛАТИ Која е специјалната единица „РОСУ“ на Косово?
РОСУ неколку пати интервенираше на северот на Косово – во 2011 година, кога Србите поставија барикади на север, по што беа на територијата на Зубин Поток, кога ги апсеа Србите за убиството на Енвер Замбери, специјалниот агент на Косово и вчера, кога на два гранични премини меѓу Косово и Србија единицата ги забарикадира сите возила кои имаат српски таблици, или таблици со неутралното „КС“.
Имаат ниски плати, тренираат на база на КФОР, апсеа Срби, ракуваат со снајпери и калашникови, а пред три дена го окупираа граничниот премин Јариње и не дозволија возила со српски таблици да влезат на Косово. Кои се специјалните сили РОСУ, единица на косовската полиција за кои молчат дури и косовските медиуми?
Кратенката РОСУ всушност е име кое се користи во српските медиуми, но таа повеќе не постои во албанските медиуми. Тие единицата ја нарекуваат НЈСО, пишува Мондо.
УНМИК, Цивпол, РЦСУ, па РОСУ
Оваа специјална единица ги има своите корени во 1999 година, кога Цивилната полиција на УНМИК (Цивпол) пристигна на Косово за да ги обучи локалните полициски сили. Веќе во 2002 година во Приштина се формираше Регионалната единица за уличен криминал, РЦСУ, претходникот на единицата РОСУ.
Идните специјални сили беа обучени и водени од шефот на Цивпол, Американецот Анхел Кипо и неговиот заменик, Џим Ренфрау. И двајцата беа познати како експерти за операции во сузбивање на трговијата со дрога, апсења по налог, но и за растурање на демонстрации. Предавачи и инструктори на РОСУ беа експерти од САД, но и од Германија, Велика Британија, Франција и Турција.
Следната година, Ренфрау ја презеде функцијата шеф на единицата, со седиште во Косово. Се планирало единицата да биде регионална и за локална употреба. Додека Ренфрау сè уште беше командант, името беше сменето во РОСУ (Регионална единица за оперативна поддршка). По една таква единица беше формирана во секој регион на Косово.
По едностраното прогласување независност на Косово, името е сменето во Специјална оперативна единица (Njesia Speciale Operative – NJSO), која се користи и денес. Тогаш, Рашит Калај беше назначен за командант на оперативните сили на косовската полиција.

Снајпери, калашникови и канистри за солзавец
НЈСО користи специјален опсег на оружје – пиштоли „Глок 19“, „хеклери МП-5“, АК 47 модифицирани калашникови, канистри за солзавец, а во некои случаи и снајперисти.
Според тврдењата на албанските службеници на Косово, НЈСО има овластување да дејствува на целата територија на т.н. Косово. Активни се за време на големи немири, протести, некои ризични апсења и слично. Тие главно служат за разбивање демонстрации, заштита на политичари или учество во операции за пронаоѓање на дрога.
Ниски плати, катастрофални услови
Косовските медиуми ретко пишуваат за нив, најчесто дека имаат многу ниски плати и дека престојуваат и тренираат во поранешната база на КФОР „Белведере“ во Јужна Митровица „во катастрофални услови“. Оваа база им беше отстапена од КФОР во 2011 година.
РОСУ неколку пати интервенираше на северот на Косово – во 2011 година, кога Србите поставија барикади на север, по што беа на територијата на Зубин Поток, кога ги апсеа Србите за убиството на Енвер Замбери, специјалниот агент на Косово … и вчера, кога на два гранични премини меѓу Косово и Србија единицата ги забарикадира сите возила кои имаат српски таблици, или таблици со неутралното „КС“.
Српскиот воз не отиде подалеку од Рашка
Во јануари 2017 година, тие беа споменати како специјална единица која требаше да ја минира пругата по која „српскиот воз“ возеше од Белград до Косовска Митровица, а потоа да ги донесе машиновозачот и патниците.
Иако не беа пронајдени мини, српскиот воз не отиде подалеку од Рашка. Во март истата година, тие учествуваа во апсењето на тогашниот директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ. Во мај 2019 година, РОСУ ги нападнаа српските општини на северот на Косово и Метохија и апсеа граѓани.