АКО ЖРТВАТА ИМА МААНИ, КАКО ДА ДОКАЖЕ ДЕКА НАВИСТИНА Е ЖРТВА? Адвокатката Јошевска го коментира судењето Џони Деп против Амбер Херд

Гледано низ моите правни виуги, Mr. Depp не може да го добие овој случај и тоа повеќе на правни основи отколку на фактички. Ама тоа не е интересно за читање.

810

Циркусот наречен Depp v. Heard е правно интересен колку што е вознемирувачки, пишува на својот профил на Фејсбук адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска.

„Прашањето е: Дали несовршените’ жртви на семејно насилство не се жртви? Тие кои се самите скршени и психотични од разни причини, тие кои возвраќаат и се дерат, тие со сопствени карактерни недостатоци, тие кои не се за жалење на прв поглед. Заробени ли сме во митот за совршена жртва па сѐ што отстапува од тоа сфаќање имаме проблем да го прифатиме? Или, како што рече адвокатот на Амбер Херд во завршните зборови – Колку уште треба жртвата да сними, да слика, да зборува за да ѝ се поверува, само затоа што има маани? А доволно е само еднаш, само еден удар, само една епизода.






Прашањето исто така е: Дали конечно ова судење ќе ги стави на мапата на семејно насилство и мажите како жртви, особено психичкото насилство со оглед на современиот развој на родовите улоги и инсистирањето на рамноправноста? Дали Mr. Depp го скрши ледот околу сфаќањето дека и мажот треба да каже или како го смислија хаштагот #mantoo? Колку треба да се земе зборот на жената ‘здраво за готово’ доколку постои меѓусебно насилство или т.н. токсична врска.

Гледано низ моите правни виуги, Mr. Depp не може да го добие овој случај и тоа повеќе на правни основи отколку на фактички. Ама тоа не е интересно за читање.

За жал или не, САД е земја во која одлучуваат граѓани кои не се правници, а со тоа е и земја каде во исто вакво судско шоу поротата ослободи двоен убиец кога одлучуваше во случајот О. J. Simpson само затоа што ѝ се допадна магијата на одбраната.

За жал, ќе остане само горкиот вкус на колатералната штета на овој циркус, а тоа се сите сегашни и идни жртви на семејно насилство кои ќе го доживеат обесхрабрувачки ова јавно и скапо судење“, коментира адвокатката Јошевска Анастасовска.

Поврзани содржини