АКО ЗАПАЛЕНОТО „АУДИ“ НЕ Е НА ГРУБИ КОЈ ДОЗВОЛИЛ ДА СЕ СТАВАТ ФЛЕШЕРИ? Ковачки прашува дали ова било директно одобрено од министерот Спасовски
Ако запаленото возило на Артан Груби не било во негова сопственост туку се водело на име на фирма ДПТУ ЕУРОКОМ ДОО или на комшијата, а Артан само го користел (читај скриен имот на туѓо име), тогаш кој е тој што дозволил на возило кое не е во сопственост на МВР или на друг државен орган, да се стават флешери и звучна сигнализација?, прашува Ковачки на Фејсбук.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук го праша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој одобрил да се стават флешери и звучна опрема на возилото „Ауди“ кое беше запалено во скопски Чаир, а се поврзува со вицепремиерот Артан Груби.
Ковачки напиша:
„Ако запаленото возило на Артан Груби не било во негова сопственост туку се водело на име на фирма ДПТУ ЕУРОКОМ ДОО или на комшијата, а Артан само го користел (читај скриен имот на туѓо име), тогаш кој е тој што дозволил на возило кое не е во сопственост на МВР или на друг државен орган, да се стават флешери и звучна сигнализација?
Какви злоупотреби и колку пати се направени со истото тоа возило? Министре Спасовски, Вие ли одобривте да се стават флешери на приватно возило на фирма, кое според медиумите но и според Крешник Бектеши и Бујар Османи е во сопственост на вице-премиерот? Зошто не ја кажете вистината?
По кој Закон, Уредба или Правилник е тоа направено?“, вели Ковачки на Фејсбук.