АКО ЗА ТРИ МЕСЕЦИ НЕ СЕ ВОВЕДЕ ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Трајанов ќе ја преиспита поддршката на Владата

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен политички блеф со тоа што го менува ставот и вели дека е за промени во Изборниот законик и за воведување една изборна единица, смета претседателот на Демократски сојуз и пратеник Павле Трајанов, кој гостуваше во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

2,012

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов останува на ставот дека доколку за три месеци не се усвојат измените за една изборна единица, ќе размисли дали и понатаму ќе ја поддржува Владата.

– СДСМ во основа поддржува една изборна единица и тоа беше нивниот став дека треба да се отвори расправата за ова прашање, меѓутоа големите партии често го менуваат мислењето и таков општ консензус тешко дека ќе се обезбеди. Јас сум оптимист дека три месеци е оптимално време кога може да се донесат усвојат измените на Изборниот законик. Ако за три месеци не се усвојат, ќе ја преиспитаме нашата поддршка на Владата – рече Трајанов во емисијата „360“.






Тој информира дека разговарал за ова со премиерот Ковачевски и дека е дел од приоритетите на Владата.

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен политички блеф со тоа што го менува ставот и вели дека е за промени во Изборниот законик и за воведување една изборна единица, смета претседателот на Демократски сојуз и пратеник Павле Трајанов, кој гостуваше во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

– ВМРО-ДПМНЕ го прави ова бидејќи смета дека СДСМ ќе се повлече од идејата за промени во Изборниот законик и воведување една изборна единица. Инаку, ако ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери и СДСМ со коалиционите партнери застанат цврсто, тогаш отпорот од која било политичка партија ќе се скрши и Македонија ќе биде со една изборна единица – смета Трајанов.

Поврзани содржини