AKO ВУЧИЌ НАРЕДИ, ВОЈСКАТА ЌЕ ВЛЕЗЕ НА КОСОВО Српскиот министер за одбрана упати сериозно предупредување

Министерот Милош Вучевиќ потенцираше дека српските сили доколку бидат приморани да интервенираат, тоа би го направиле во координација со КФОР.

1,733

Вицепремиерот и министер за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ на денешната прес-конференција во Домот на вооружените сили на Србија, истакна дека ако претседателот Александар Вучиќ како врховниот командант нареди српската војска да влезе на Косово, наредбата ќе биде извршена.

– Се води континуирана кампања против вооружените сили, нивниот број и активности, односно движењето и распоредувањето и тоа го сметаме за несоодветно и неодговорно и го отфрламе како невистинито. Доколку вооружените сили добијат наредба од претседателот како врховен командант воените единици да влезат на територијата на Косово и Метохија како дел од Србија, воените сили ќе ја извршат таквата задача ефикасно, професионално и успешно – истакна српскиот министер за одбрана.






Вучевиќ потенцираше дека српските сили доколку бидат приморани да интервенираат, тоа би го направиле во координација со КФОР.

-Вооружените сили не би направиле ништо зад ничиј грб, туку би го информирале КФОР. Досега Фала му на Бога, не моравме да донесеме таква одлука, а Србија ќе направи сѐ за да не се случи и ние ќе го зачуваме мирот. Важно е да продолжиме со политичкиот дијалог и да ја почитуваме резолуцијата 1244 за да избегнеме каква било можна ескалација која не е во наш интерес – додаде Вучевиќ.

Поврзани содржини