АКО ВИЕ НЕ ГИ НАЈДЕТЕ, НИЕ ЌЕ ГИ НАЈДЕМЕ ВИНОВНИЦИTE ЗА ОНКОЛОГИЈА! Мицкоски ѝ порача на власта дека мора да има одговорност за скандалот
Има многу, многу непрецизности, недоследности, многу основани сомневања за криминал, многу основани сомневања за прекршени овластувања – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ако оваа Влада не се зафати со сериозна одговорност, тогаш јас ви ветувам дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе темелна истрага и мора да има одговорност – изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од населено место Орман при одговарање на новинарско прашање за случајот „Онкологија“.
– Од тоа што сум информиран, работата би требало некаде да кулминира кон крајот на следната недела, во петок. Од тоа што сум информиран од пратеничката Рашела Мизрахи. Имавме утрово разговор подолг на таа тема. Од она што можам накратко да заклучам дека одговорните требало да знаат што се случува, а не знаеле – рече Мицкоски.
Тојдодаде дека пациентите требало да добијат соодветна терапија, а не ја добиле.
– Некој ги прекршил законите и овластувањата. Некој правел криминал на сметка на смртта на луѓето. Тоа требало МВР да го истражи изминативе години. Овој скандал почнува од 2019 година. И не само што МВР не го истражува, туку се обидува и да го заташка – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека некој свесно или несвесно го прекинал системот за контрола.
– Има многу, многу непрецизности, недоследности, многу основани сомневања за криминал, многу основани сомневања за прекршени овластувања. И ценам дека резултатот од сето ова ќе биде навистина поразителен, нечовечки, нехуман. И ако оваа Влада не се зафати со озбилна одговорност, тогаш јас ви ветувам дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе темелно, бидејќи сега веќе имаме сериозни индиции и докази за тоа што се случувало, темелна истрага и тука, мора да има одговорност – нагласи Мицкоски.