АКО ВИДИТЕ СТРАНЕЦ СО ЗЕЛЕНА КОСА, ПРИЈАВЕТЕ Семејството го бара, последно е виден во автобус за Скопје

Кит има здравствени проблеми и му требаат лекови, според објавата на пријателите. Носи ранец и е препознатлив по својата зелена коса.

602

Исчезнал Англичанец кој наводно се качил во автобус од Белград за Скопје, во петокот на 20 септември, но потоа му се изгубила трагата, пријавуваат неговите пријатели на социјалните мрежи.

Кит Харви има 58 години и живее во Вормервер, Холандија, а родум е од Англија.






Тој има здравствени проблеми и му требаат лекови, според објавата на пријателите. Носи ранец и е препознатлив по својата зелена коса.

Ако имате каква било информација за Кит, пријавете во полиција и исконтактирајте со неговите пријатели на е-адресата: [email protected]

Поврзани содржини