АКО ВАШЕТО БЕБЕ НЕ СПИЕ НОЌЕ, НАЈЧЕСТО МУ ФАЛИ РУТИНА! Дали вие имате некој ритуал пред спиење или заспивате пред ТВ?

Важно е бебињата да си легнуваат во исто време секој ден, активностите поврзани со спиењето да се повторуваат и оваа рутина да се одржува. Ако нема рутина или често се прескокнува, тоа само ќе го збуни бебето и тоа нема да знае кога и дали е време за спиење и што треба да прави

46

Еден од честите проблеми со кои се соочуваат родителите е неспиењето на нивното бебе ноќе. Еден од најчестите проблеми е немањето рутина.

Сите ние имаме некаква рутина која ја практикуваме пред да си легнеме. Од оние основните како миење заби и облекување пижами, до читање, слушање музика, броење овци… Најчесто, родителите кои и самите немаат некаква рутина туку едноставно заспиваат пред телевизор, не можат да им воведат рутина ниту на своите бебиња и деца.






Рутината подразбира секогаш исти чекори кои ќе претходат на ноќното спиење. На пример, бањање, или барем миење раце, лице и запчиња, облекување пижами, чаша млекце, читање приказна, бакнеж за добра ноќ…

Многу бебиња едноставно не можат да заспијат, се будат брзо или им се потребни посебни услови за да се смират. Но, честопати причините зошто бебињата не спијат (добро) можат да бидат грешки што родителите ги прават во текот на денот, а не се свесни за тоа.

Промената на одредени активности може да придонесе за мирен и квалитетен сон на бебето.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини